Saturday, May 2, 2015

Митоза

Митоза

Името митоза често се употребува како синоним за клеточната делба, меѓутоа, митозата е само делба најадрото. Митозата, главно, се врши во телесните (соматски) клетки. Во оваа делба, јасно е видлива кончестата структура на хромозомите (од каде доаѓа и името на оваа делба - на грчки mitos значи конец). Биолошката смисла на митозата се состои во рамномерната распределба на наследниот материјал, што се содржи во хромозомите на двете новодобиени со митоза јадра. Митозата може да се смета и како и крајна видлива фаза на делење на реплицираните хромозоми.


Интерфаза
Митотичката фаза е релативно краток период од клеточниот циклус. Таа се одвива наизменично со многу подолгата интерфаза, во која клетката се подготвува за делба. Интерфазата е поделена на три потфази: G1 („first gap“ или „празнина“), S (синтеза) и G2(„second gap“ или „празнина“). За време на сите овие фази, клетката расте со производство на белковини и цитоплазматичниорганели. Меѓутоа, хромозомите се реплицираат само за време на S-фазата. На овој начин клетката расте (G1), продолжува да расте со удвојување на своите хромозоми (S), расте уште повеќе и се подготвува за митоза (G2) и на крајот се дели (M) пред повторното започнување на циклусот.[1] Сите овие потфази на интерфазата се регулирани главно преку белковини. Тие следуваат една по друга во строг редослед, а постојат и „контролни точки“ кои и даваат на клетката сигнали за премин од една во друга фаза.


Предпрофаза
Само кај растителните клетки на профазата и претходи предпрофаза. Кај растителните клетки (кои инаку поседуваат многувакуоли) јадрото мора да мигрира во центарот на клетката пред започнувањето на митозата. Ова се постигнува со образување на фрагмозом, кој претставува напречен слој на цитоплазма кој ја пресекува клетката во пределот на рамнината каде подоцна ќе се подели клетката. Освен со образување на фрагмозомот, предпрофазата се карактеризира со формирање на прстен од микротубули и актински филаменти (т.н. предпрофазна лента) под плазматичната мембрана, околу екваторијалната рамнина на делбеното вретено кое ќе се формира подоцна. Оваа лента го означува местото каде клетката ќе се подели. Клетките на вишите растенија (на пример, цветни растенија) немаат центриоли, па затоа микротубулите образуваат вретено на самата површина на јадрото, по што се организираат во делбено вретено од самите хромозоми (откако јадрената мембрана ќе се разгради).[2] Предпрофазната лента исчезнува за време на разградувањето на јадрената обвивка и со формирањето на делбеното вретено во прометафазата.

Профаза
Генетичкиот материјал во јадрото се наоѓа во вид на силно расплетени нишки наречени хроматин. Со настапувањето на профазата, хроматинот се кондензира во мошне подредена структура наречена хромозом. Бидејќи генетичкиот материјал претходно се удвоил во S-фазата, реплицираните хромозоми имаат две сестрински хроматиди поврзани со центромер со помош на протеинскиот комплекс кохезин. Обично хромозомите се гледаат на големо зголемување со светлосен микроскоп.
Блиску до јадрото се наоѓаат структури наречени центрозоми кои се составени од пар на центриоли (се среќаваат само кај повеќето животински клетки). Центрозомот е координативниот центар за клеточните микротубули. Секоја клетка наследува по еден центрозом при клеточната делба, кој се реплицира со помош на јадрото пред да започне нова митоза, со што се добива пар на центрозоми. Двата центрозоми и јадрените микротубули (кои можат да се замислат како полови од кои се издаваат клеточни јажиња) го образуваат делбеното вретено со полимеризација на растворливиот тубулин. Белковините одмолекуларниот мотор потоа ги придвижуваат центрозомите долж овие микротубули во насока на спротивните страни на клетката. Иако центриолите помагаат во организирање на групата од микротубули, тие не се неопходни за образување на вретеното, што може да се заклучи од тоа што отсуствуваат во растителните клетки,[2] а и од тоа што тие не секогаш се користат во митозата.[4]

Метафаза

Името метафаза доаѓа од грчкото μετα што значи „после“. Микротубулите ги пронаоѓаат кинетохорите и се закачуваат за нив во прометафазата. Тогаш двата центрозоми почнуваат да ги привлекуваат хромозомите преку нивните закачени центромери кон двата краја на клетката. Вака хромозомите подлежат на надолжна тензија од двата краја на клетката. Може да се каже дека центромерите на хромозомите повлекуваат замислена линија долж метафазната плоча или екваторијална рамнина која е на еднакво растојание од двата центрозомни полови.[9] Оваа еднаква подреденост се должи на рамнотежата на привлекувачките сили од спротивните кинетохори, аналогно на влечењето јаже меѓу луѓе со иста сила. Кај одредени видови на клетки хромозомите не се подредуваат на метафазна плоча, туку неодредено се движат напред-назад меѓу половите, при што само грубо се подредуваат на средната линија.
Бидејќи за правилно одделување на хромозомите треба секој кинетохор да е закачен за сноп од микротубули (нишки на вретеното), се смета дека незакачените кинетохори создаваат сигнал за да го спречат предвременото настапување на анафазата (без да се подредени сите хромозоми). Овој сигнал ја создава контролната точка на митотичкото вретено.

Анафаза
Кога секој кинетохор е закачен за сноп од микротубули и хромозомите се подредени на метафазната плоча, клетката поминува во анафаза (од грчкото ανα што значи „горе“, „наспроти“).
Се одвиваат два настани: прво, белковините кои ги поврзуваат сестринските хроматиди сега се раскинуваат. Со тоа овие сестрински хроматиди стануваат одделени ќеркини хромозоми и се повлекуваат со скусување на кинетохорните микротубули кон соодветните центрозоми за кои претходно биле поврзани. Потоа, некинетохорните микротубули се издолжуваат, повлекувајќи ги центрозомите (како и сетот хромозоми за кои се закачени) на спротивните краеви на клетката. Силата која ги предизвикува центрозомите да се движат кон краевите на клетката е сè уште непозната, иако постои теорија која вели дека брзото создавање и разградување на микротубулите би можело да го предизвика ова движење.
Овие два стадиума понекогаш се означуваат како рана и касна анафаза. Раната анафаза обично се дефинира како одделување на сестринските хроматиди, додека доцната како издолжување на микротубулите и одделување на хромозомите. На крајот од анафаза клетката ги одвоила идентичните копии на генетичкиот материјал во две одделни групации.

Телофаза

Телофазата (од грч. τελος што значи „крај“) е спротивен процес на профазата и прометафазата. Во неа, некинетохорните микротубули продолжуваат да се издолжуваат, со што уште повеќе ја издолжуваат и клетката. Соодветните сестрински хромозоми се прикачуваат за спротивните краеви на клетката. Се појавува нова јадрена обвивка (од фрагментите на јадрената мембрана на клетката родител) околу секој сет на одделени сестрински хромозоми. И двата сета хромозоми, сега опкружени со нови јадра, повторно се расплетуваат во хроматин. Со ова завршува митозата, но делбата на клетката сè уште не е завршена.

1 comment:

  1. Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.

    ReplyDelete